Преглед преку телеконференциска врска

Бидејќи  опсервацијата, разговорот како и сослушувањето на пациентот се најважните вештини кои докторот ги користи во интеракцијата со пациентите, телеконференцијата е сосема прифатлива кога се работи за дијагностицирање на не многу сериозни состојби како настинката или исчашувањата.

Неколку компании во САД, вклучувајќи го и Универзитетскиот медицински центар во Питсбург, понудија „video chats”со докторите во времетраење од 10 до 15 минути, за надомест од 40 долари.

Сепак, се нагласува дека услугата не треба да биде замена за лична посета кај докторот, туку само како прв чекор во лекувањето на акутните состојби.

Поддржувачите на телемедицината признаваат дека тоа не е секогаш вистинскиот избор за медицинска грижа, но нагласуваат дека со напредокот на технологијата и теледокторите ќе бидат во состојба да понудат сеопфатни услуги.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt