Колку дрва има на планетата ?

Ако Македонија засади деновиве околу 3 милиони дрва сакавме да истражиме , колку дрва има на планетата и колкав е нашиот придонес на планетарно ниво.

Резултатите што ги добивме укажуваат на тоа  дека  земја како нашата со 2 милиони жители кога станува збор за шумите не стои нималку лошо, но тука може да се спомене дека секогаш има простор за подобрување и изнаоѓање на системски стручни решенија базирани на наука како и ангажирање на професионални „садачи на дрва“ – решение кое дава одлични резултати во Канада.

Денеска во светот постојат околу 3,04 трилиони дрвја – според истражувањето што беше објавено во списанието „Nature“. Тоа се околу 422 дрвја по лице.

Истражувањето се базира на околу 400.000 мерења на густината дрвјата на сите континенти, со исклучок на Антарктикот, за да се направи сеопфатна карта на густината на шумските дрвја. Проценката на научниците е дека бројот на дрвја што се отстрануваат секоја година, надминува 15 милијарди.

Истражувањето било поттикнато на барање на глобалната младинската иницијатива „Дрво за планетата“.

Оваа група се обратила до Томас Краутер, постдокторант на Школата за шумарство и животна средина на Универзитетот Јеил, со барање да направи основна проценка за бројот на дрвјата на регионално и глобално ниво, со цел да можат подобро да ги одредат нивните цели за пошумување.

„Дрвјата спаѓаат помеѓу најважните и најпотребните елементи на Земјата. Тие складираат огромни количини на јаглерод и се од суштинска важност за циклусот на исхраната, за водата, за квалитетот на воздухот и за безброј други човечки потреби, па сепак, ние дури од неодамна почнавме да се интересираме за нивната вкупна распространетост. И јас бев изненаден дека се работи за трилиони“- вели Томас Краутер, водачот на истражувањето.

Досега, единствена проценка беше дека на Земјата има повеќе од 400 милијарди дрвја, или околу 61 дрво по човек. Проценките биле направени врз основа на сателитски снимки.

Лошата работа во оваа приказна е дека ако се продолжи со сечење на дрва со сегашната динамика се проценува дека бројот на дрва ќе се преполови за околу 150 години а за околу 300 во теорија нема да има ни едно дрво на планетата.

Поддржете ја нашата работа: