„Нашето истражување покажува дека мерењето на силата на компресија е едноставен и евтин метод за утврдување на ризикот од смрт од различни причини, вклучувајќи го и развојот на кардиоваскуларни болести“, вели Дерил Лен од Универзитетот Мекмастер во Хамилтон, Канада.
Тој, заедно со своите колеги, ги анализирал податоците на речиси 140 илјади луѓе на возраст од 35 до 70 години, од 17 земји, кои учествувале во поголемо истражување (The Prospective Urban-Rural Epidemiology study)за причините за ширење на болестите како што се гојазност, дијабетес и кардиоваскуларни болести. Истражувањето траело 4 години, од 2003 до 2009 година и притоа 2% од учесниците починале. Силата на компресија била мерена со динамометар.
Истражувачите откриле дека силата на стисокот подобро ги предвидува болестите отколку крвниот притисок. Тие откриле дека намалувањето на силата за 5кг. го зголемува ризикот од смрт од разни болести за 16%, а на тоа не влијаеле разликите во возраста, полот, тежината, физичката активност, исхраната, цигарите, алкохолот и др. индивидуални карактеристики и болести.
Потребни се понатамошни истражувања за да се идентификуваат клучните фактори кои влијаат врз мускулната сила и да се провери дали зголемувањето на силата укажува на намалување на ризикот од смрт и кардиоваскуларни болести.
Истражувањето е објавено во списанието „The Lancet“.