Претставена е направа која создава вода од воздух

Постои уред кој снабдува со вода произведена од воздух. Блиската иднина би можела да изгледа и подобро. Тогаш секое домаќинство би ја поседувало оваа направа за снабдување со вода, па дури и кога станува збор за пустините. Доколку е верна демонстрацијата на ваквиот уред, која е одржана неодамна, тогаш навистина сме многу блиску до таквиот живот.

Имено, претставен е уред кој користи дневна светлина и така произведува до литар вода од воздухот. Дури и во пустински услови каде влажноста е максимално 20%. Уредот се напојува со соларна енергија и е дизајниран на американскиот МИТ. За своите цели користи посебна комбинација од органски и метален материјал (МОФ), кој е производ од Универзитетот Беркли, Калифорнија.

“Ова е пресвртница во долгиот предизвик за добивање на вода од воздух во услови со ниска влажност. За ваква направа засега не постојат други начини, освен по пат на електричен навлажнувач од воздух, кој произведува вода“, вели Омар Јаги, хемичар од Беркли, кој пред 20 години го изнајде МОФ, користејќи метали како што е алуминиум, магнезиум со органски молекули во создавање на цврсти порозни структури, идеални за складирање на течности и гасови.

Во услови со влажност на воздухот од 20 до 30 отсто, прототипот на уредот произведува 2,8 литри вода во текот на 12 часа, користејќи килограм МОФ.

“Визијата за иднината е дека домаќинствата нема да бидат поврзани на главна водоводна цевка, туку ќе постои уред кој произведува вода за сите потреби на домаќинство со користење на сончевата енергија. Тоа ќе биде можно поради овој експеримент што ние го нарекуваме персонализирана вода “, вели Јаги.

Со гордост на своите досегашни достигнувања, Јаги тврди дека сепак постои многу простор за усовршување на овој концепт. Сегашниот МОФ има капацитет да апсорбира вода само со 20 отсто од својата тежина. Другиот МОФ, сепак би можел да апсорбира и до 40 отсто.

Веќе е познато дека вода се добира со кондензација, а овој уред е усовршена верзија на постоечкиот изум во тоа поле, кои за разлика од него беа големи, но не и толку практични.

Поддржете ја нашата работа: