Претворање на телефоните во лаборатории

Тоа ги поедностави научните и борбени задачи во „Star Trek“, со добивање на инстант резултати.

Трикодер повеќе не е научна фантастика. Постои можност новиот изум на истражувачите од Универзитетот во Тел Авив да ги претвори смартфоните во моќни хиперспектрални сензори, способни за идентификување на хемиски компоненти на објекти од далечина. Креаторите комбинираат две неопходни делови, оптички компоненти и софтвер за обработка на слика.

Долга е листата на придобивки од оваа технологија. Хиперспектралните слики ќе играат голема улога во електрониката, автомобилската индустрија, биотехнологијата и безбедноста.

Камера и база на податоци, заедно

Професорите од универзитетот заедно со тим на истражувачи од „Unispectral technologiestechnologies“, патентираа оптички компоненти врз основа на постоечка микроелектромеханичка или “MEMS” технологија, погодна за масовно производство и компатибилна со камерата на стандардните смартфони. Комбинацијата на овие оптички компоненти и новодизајнираниот софтвер оди подалеку од тековната технологија, нудејќи супериорни перформанси и хиперспектрални способности на сликите.

„Оптичкиот елемент делува како филтер за подесување што може да се конфигурира, а софтверот ја подржува оваа нова компонента и ги екстрактира сите релевантни информации од сликата”, вели професорот Мендиловиц, еден од креаторите. Функционира и за видеа и за фотографии.

Секој материјален објект има хиперспектрален потпис, свој карактеристичен хемиски отпечаток. Откако камерата добива слика, податоците ќе бидат предмет на анализа за да се извлече хиперспектралната содржина на било која локација  на сликата. Производството на прототипот се очекува да започне во јуни.

Уред за секого

„Unispectral“ е во преговори со други компании за анализирање на податоците од нивните камери. Потребна е голема база на податоци на хиперспектрални потписи на располагање. Апликациите на сензорот вклучуваат далечинско следење на здравјето во медицината и контрола на квалитетот во индустријата. Уредот е погоден и за земјоделството, бидејќи со хиперспектралните слики може да се идентификуваат својствата на културите, зеленчукот, како и други видови на храна.

Поддржете ја нашата работа: