Општото мислење е дека причините за церебрална парализа се непознати и дека ништо не може да се направи за да се спречи. Сепак, некои важни причини за церебралната парализа може да се спречат, вклучувајќи ги предвременото породување, ниската родилна тежина, инфекциите и повредите на главата.
- Побарајте соодветна пренатална грижа што е можно порано во бременоста, па и претходно со цел соодветно да се подготвите за бременоста.
- Избегнувајте цигари, алкохол и дроги за време на бременоста, тие го зголемуваат ризикот од предвремено породување.
- Рубеолата (сипаници) во текот на бременоста или рано во животот на новороденчето е причина за церебрална парализа. Тестирање за имунитет на рубеолата пред забременувањето и овозможува на жената да биде вакцинирана, со што и мајката и бебето се штитат од потенцијалната катастрофална болест.
- Соодветна пренатална грижа вклучува тестирање за „Rh фактор“. „Rh некомпатибилност“ лесно се третира, но може да предизвика оштетување на мозокот и други проблеми ако не се лекува.
- Рутинските вакцини на бебињата може да спречат сериозни инфекции, како на пр. менингитисот, кој може да доведе до церебрална парализа.
- Осигурете се дека детето седи правилно и носи кацига кога возите велосипед.
Поддржете ја нашата работа: