11 Што се случува со телото кога пиеме?
Најпрво, алкохолот се разложува на хемикалијата позната како ацеталдехид, од страна на ензимот наречен алкохол дехидрогеназа (ADH). Потоа, се разложува и ацеталдехидот од страна на ензимот ацеталдехид дехидрогеназа (ALDH). Но, на овие два ензими им е потребен коензим (или поврзана молекула), наречена „NAD+“ која се користи во процесот.
Проблемот е во тоа што „NAD+“ е потребен за голем број реакции во телото, од апсорпција на глукоза од крвта, па до регулирање на нивото на електролити. Па, недостатокот на „NAD+“ доведува до симптоми слични на мамурлакот. Ова со години беше општоприфатена теорија, а некаде и се’ уште е. Но, проф. Јорис С. Верстер од Универзитетот во Утрехт, во Холандија, ја критикува оваа идеја потенцирајќи дека кај лицата со тежок мамурлак не е откриено ниско ниво на електролити или глукоза во крвта.
Повеќето модерни теории вината не ја префрлаат на самиот алкохол, туку на ацеталдехидот, кој се смета дека е 30 пати потоксичен од самиот алкохол. Во контролирани студии со глувци, откриено е дека предизвикува симптоми како потење, црвенило, гадење и повраќање (ви звучат познато, нели?).
Други истражувања пак, велат дека имунолошкиот систем може да биде голем дел од проблемот.
Сега, добро е познато дека мамурлакот е придружен со значително зголемување на хемикалиите за сигнализација на телото, или цитокини. Зголемувањето на производството на цитокини може да сигнализира треска или инфламаторен одговор како борба против инфекција. Симптомите кои ги имаме за време на треска не се директен ефект на туѓиот организам, туку на обидот на нашето тело да се справи со истиот.
Болка во мускулите, замор, главоболка или гадење, како и когнитивни ефекти – губење на меморијата или иритираност, сите тие се соодветни одговори на телото кога се справува со инвазија на микроби, но може да бидат и погрешен одговор на премногу алкохол.
1. Што се случува со телото кога пиеме?