Причината за несоница лежи во гените

Несонцата е веројатно еден од најчестите здравствени проблеми на кој се жалат луѓето. Помеѓу 10 и 22 проценти од возрасните во светот се смета дека патат од несоница.

Меѓународен тим од научници, за прв пат откриле дека гените  се поврзани со ризикот од несоница.

До неодамна, несоницата се сметаше како психолошки проблем и последица на депресија, тага или работа во смени.

„Често се смета дека причината за несоницата е „во главата“ на пациентот. Ова истражување им овозможува на научниците нова перспектива, бидејќи ја објаснува нејзината вистинска причина“- вели професорот Еус ван Сомерен, специјалист за пореметувања во спиењето од Универзитетот Врије во Амстердам, еден од водачите на овој меѓународен проект.

За потребите на истражувањето научниците испитале примероци од 113.006 лица и откриле вкупно седум гени  поврзани со ризикот од несоница. За еден од овие гени – познат како „MEIS1“ веќе се знае дека е поврзан и со две нарушувања на спиењето – „PLMS“(периодично движење на екстеремитетите во текот на сонот) и синдромот на немирни нозе.

Истражувањето исто така покажало дека некои од овие гени се  одговорни и за појавата на ангсиозното пореметување, депресијата и лошата општа состојба. Покрај тоа, истражувањето покажало дека од несоница повеќе патат жените од мажите.

Научниците веруваат дека ова откритие ќе приднесе подобро да се разберат механизмите на несоницата, што ќе доведе до развој на и поефикасени третмани.

Истражувањето е објавено во „Nature Genetics“

Поддржете ја нашата работа: