Пристигна најбрзиот велосипед на светот

„Не само што го направивме, туку и докажавме дека е најбрз“, вели Итан Дејвидсон, извршниот директор на производство. „Го однесовме велосипедот во ветерен тунел и покажавме дека е 4% – 28% побрз од сите останати“. Тоа го потврди и Арон Рос, технолошки директор на компанијата „Faster Speed Lab“ каде што бил тестиран велосипедот.

Велосипедот е наречен „The Diamond“ (дијамант) и ја нема нема стандардната шипка од седиштето до педалите, како и онаа која го поврзува седиштето со задното тркало, со што всушност е полесен и аеродинамичен. Овој невообичаен дизајн всушност бил популарен во 1990-тите години, но во 1999 година бил забранет за велосипедските трки од страна на Меѓународниот велосипедистички сојуз, а тоа предизвикало воопшто да не се користи повеќе од една деценија.

Покрај тоа, велосипедот е направен од јаглеродни влакна – исклучително силен и лесен материјал. Може лесно да се расклопи и да се пренесува во стандарна торба или куфер.

Се разбира дека оваа брзина и флексибилност си имаат своја цена. Велосипедот изнесува 5.950 долари (околу 5.400 евра) само за рамката, а инаку вкупно 12.997 долари (околу 11.800 евра).

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt