Пробиотиците можат да предизвикаат инфекција?

Новороденче, родено навреме, но со  тежина од 2.3 кг поради интраматерично ограничување на растот, развило инфекција по примање на пробиотик. Симптомите биле чувствителност на допир и прекумерно плачење.

Истражувачите од  Националниот институт за јавно здравје во Полска велат дека овој случај наведува на тоа дека треба да се направат дополнителни истражувања за тоа дали е пожелно да се даваат пробиотици на мали деца, посебно на оние со интраматерични дисфункции.

Други студии сугерираат дека пробиотиците не се штетни за децата, но и дека нивната корисност не е утврдена. Американската асоцијација на педијатри не ја препорачува употребата на пробиотици, посебно кај доенчиња до 3 месеци. Облогата на цревниот тракт кај бебињата не е доволно созреан и може да се забрза протокот на бактерии низ крвта.

Најбезбеден начин за стекнување на стомачните бактерии кај бебињата е доењето и нормалната интеракција со околината.

Бидејќи се работи за еден случај, секако не би требало да се генерализира, но претставува аларм за понатамошно развивање на стандарди и насоки за употреба на пробиотиците.

Исто така, ризична група се и луѓето со оштетен имунолошки систем.

 

Поддржете ја нашата работа: