Пробиотикот или “здрава бактерија”, се смета дека е безбеден за поголемиот дел од луѓето. Во Полска е идентификуван случај кој го негира ова тврдење. Новороденче, родено навреме, но со тежина од 2.3 кг поради интраматерично ограничување на растот, развило инфекција по примање на пробиотик. Симптомите биле чувствителност на допир и прекумерно плачење.
Истражувачите од националниот институт за јавно здравје на Полска велат дека овој случај наведува дека треба да се направат дополнителни истражувања за тоа дали е пожелно да се даваат пробиотици на мали деца, посебно на оние со интраматерични дисфункции.
Други студии сугерираат дека пробиотиците не се штетни за децата, но и дека нивната корисност не е утврдена. Американската асоцијација на педијатри не ја препорачува употребата на пробиотици, посебно кај доенчиња до 3 месеци. Облогата на цревниот тракт кај бебињата не е доволно созреан, и може да се забрза протокот на бактериите низ крвта.
Најбезбеден начин за стекнување на стомачните бактерии кај бебињата е доењето и нормална интеракција со околината.
Бидејќи се работи за еден случај,секако не би требало да се генерализира, но претставува аларм за понатамошно развивање на стандарди и насоки за употреба на пробиотиците.
Исто така, ризична група се и луѓето со оштетен имунолошки систем.