Прогласени победниците на овогодинешниот натпревар за најдобар фотограф на дивиот свет

Натпреварот за фотограф на годината на дивиот свет, кој се одржува секоја година во Природонаучниот музеј во Лондон е еден од најпрестрижните натпревари за фотографија во светот. Вчера (20 октомври 2016 година) беа прогласени победниците.

Во натпреварот учествуваа повеќе од 50.000 учесници од 95 различни земји. Со помош на експерти, изборот беше стеснет на најдобрите 100 фотографии кои ќе бидат изложени во Природонаучниот музеј во Лондон пред да се испратат низ Велика Британија и на меѓународно ниво.

Победникот на овогодинешниот натпревар е американскиот биолог и фотограф Тим Ламан, за неговата фотографија наречена „Испреплетени животи“ која може да ја погледнете подолу.

1

Во категоријата натпреварувачи под 17 години, победник е младиот Гидеон Најт од Лондон, за неговата фотографија „Месечината и враната“

2

Некои од другите категории вклучуваат „Птици“, „Растенија и габи“, „Урбани“, „Подводни“ и многу други, а може да ги погледнете на следниов линк.

Несомнено, сите овие фотографии ќе ви го одземат здивот. Во продолжение издвоивме неколку кои сметаме дека спаѓаат во најдобрите. Уживајте!

3

4

5

7

 

Поддржете ја нашата работа: