Пронајден Супер Стоунхенџ

Камените блокови се наоѓаат во неолитскиот локалитет познат како Дарлингтон ѕидини и датираат од пред повеќе од 4.500 години, а се пронајдени закопани на помалку од еден метар во земјата. Научниците во Велика Британија во моментов користат технологија за скенирање за да создадат подземна мапа на областа.


Досега се идентификувани 30 камења кои достигнуваат висина до 4,5 м. заедно со фрагменти или основи на уште 60 други камења. Со оглед на големината, археолозите ја нарекле оваа област Супер Стоунхенџ, сугерирајќи дека би можела да е пет пати поголема од Стоунхенџ. Тие сметаат дека е изградена во исто време како и Стоунхенџ, а можеби и порано.

Резултатите се објавени на Британскиот фестивал за наука на Универзитетот во Брадфорд.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt