Новооткриените кристали кои се исфрлени од вулканска ерупција на островот Маурициус, се неколку милијарди години постари од самиот остров. Се смета дека тие претставуваат остатоци од древен микроконтинент, познат како Mauritia.
Се претпоставува дека овој “Изгубен континент” некогаш го поврзувал Мадагаскар и Индија како суперконтинент Гондвана. Веројатно сепак бил проголтан од Индискиот океан пред околу 84 милиони години. Денес истражувачите сметаат дека откриле дел од Мауриција, настанат од античките вулкани скриени под површината.
“Земјата е изградена од два дела – стари континенти и млади океани. Маурициус е остров – тука нема карпа која е постара од 9 милиони години. За време на истражувањето сепак наидовме на циркон стар 3 милијарди години”, вели Луис Ашуол, дел од тимот кој дошол до откритието.
Островот Маурициус се наоѓа на околу 2 илјади километри од јужниот брег на Африка и е релативно нова Земја, формирана од многу подводни вулкански ерупции пред 8-9 милиони години. Денес тој е дел од Маскаренските острови.
Тимот го ископал парчето кора од соголени карпести површини на Маурициус, покриени со лава за време на вулкански ерупции од времето на формирањето на островот.
Анализирајќи го материјалот, научниците наишле на минијатурни циркон кристали стари милијарди години.
Фактот дека кристалите се од циркон (заеднички скапоцен камен кој може да биде безбоен, жолт, црвен, син, кафеав и зелен) им дава до знаење на истражувачите дека она што било во нивните раце не е дојдено од океанот.
Цирконите настануваат главно од гранит на древните континенти, кои некогаш се протегале на површината на Земјата. Откако тимот ги проценил кристалите дека се стари меѓу 2,5 и 3 милијарди години, одлучил дека откритието му припаѓа на одамна загубениот континент Мавриција.
“Фактот дека тука пронајдовме циркони на оваа ера докажува дека постојат уште постари кристални материјали под Маурициус кои можат да потекнуваат само од еден континент,” вели Ашуол.