Запознајте го „Pyura chilensis“ или живиот камен

Ова е „Pyura chilensis“ – неверојатно морско суштество кое може да се најде на карпестиот брег на Перу и Чиле. Поради неговиот изглед, познато е и како „Жив камен“, но тоа не е најчудното нешто кај него.

Ова животно е целосно неподвижно, како камен, се храни со голтање вода и филтрирање на микроорганизмите, а во неговата крв го има реткиот елемент ванадиум во неверојатно високи количества.

Исто така, се раѓа како машко, а во пубертетот станува хермафродитно и се размножува преку исфрлање на облаци од сперма и јајце-клетки во околната вода, кои би требало да се спојат и да се формира потомство.

„Pyura chilensis“ е уште еден доказ за тоа дека природата никогаш нема да престане да не изненадува.

1b98eb83e6cce04c9681a622b550a1a6

„Pyura chilensis“ е вид на плаштар или туникат – морски суштества чиј дебел надворешен слој (или туника) е направен од туницин (од каде потекнува и името), што им помага да се закачат на тврда површина каде што ќе останат во текот на целиот свој живот. Припаѓа во класата на Асцидии – морски безрбетници кои наликуваат на торбички и се хранат со филтрирање на водата.

Внатрешноста на туниката е обложена со епидермис и мускулна група, а внатре во овие слоеви се наоѓа главното тело на животното. Се храни и диши преку туниката, со помош на два сифони кои го поврзуваат неговото внатрешно тело со морето околу него.

Едниот сифон се користи за вдишување, односно навлегување на водата во телото, а другиот за издишување, односно за излегување на водата надвор. Водата поминува низ еден подвижен слој на слуз во голтникот, кој функционира како филтерски апарат и ги заробува малите хранливи честички и го екстрахира кислородот од водата како што таа минува низ него. Голтникот е поврзан со дигестивниот тракт, што во основа функционира како уста.

На овој начин, некако, ова животно акумулира неверојатни количини на ванадиум. Всушност, овие животни се единствените организми во крлаството на животните кои акумулираат високо ниво на ванадиум во крвната плазма, а причините за тоа се се’ уште непознати.

pyura_chilensis

Најчесто се наоѓаат во густи колонии за да ја олеснат репродукцијата, но дури и да останат сами, тие се хермафродитни, што значи дека имаат и машки и женски гонади (полови органи) кои истовремено може да ослободуваат јајце-клетки и сперма во водата, кои потоа ќе се спојат и ќе произведат потомство.

Научниците преку неколку експерименти откриле дека „P. Chilensis“ се раѓаат како машки, а потоа добиваат и машки и женски полови органи во адолесценцијата. Исто така, ако се наоѓаат во колонија, претпочитаат да се размножуваат преку вкрстено оплодување со друег поединец.

Верувале или не, локалните жители го јадат сирово, или во чорба, а нелокалните жители го опишуваат неговиот вкус како горчлив и сапунест, чуден вкус на јод. Вака изгледа по рестораните во Чиле.

piure_valaparaiso

Па, би го пробале ли?

Поддржете ја нашата работа: