Пронајдени остатоци од град во Египет стар 7.000 години

Египет го објави пронаоѓањето на остатоци од еден изгубен град кој се смета за повеќе од 7.000 години стар, лоциран во Горен Египет во провинцијата Сохаг.

Античкиот град, откриен заедно со една гробница во близина, датира од 5.316 г.п.н.е., и се смета за големо археолошко откритие кое му претходи на Раниот династички период на Египет кој започнал пред околу 5 милениуми.

Тимот на археолози од египетското Министерство за антиквитети ги пронајде остатоците од античките колиби и гробови за време на едно ископување 400 метри јужно од храмот на Сети Први,  фараон кој владеел илјадници години подоцна од 1.290 – 1279 год.

Храмот на Сети Први се наоѓа во Абидос – еден од најстарите познати градови на антички Египет и историски главен глад на Горен Египет- и новооткриените живеалишта и гробови може да се дел од одамна исчезнатиот град, или пак од посебно село кое било проголтано од него.

„Ова откритие може да фрли светлина врз голем број на информации за историјата на Абидос“- изјавува Махмуд Афифи, министерот за антиквитети.

50883164-egypt-1

Во прилог на темелите на античките колиби, археолозите откриле и железни алатки и керамика, и плус 15 огромни гробници- чијшто обем значи дека нивните жители мора да биле добро ситуирани поединци.

„Големината на гробовите откриени во гробницата е поголема во некои случаи од кралските гробници во Абидос кои датираат од првата династија, што ја докажува важноста на луѓето кои се закопани таму и нивната висока општествена положба за време на оваа рана ера на античката египетска историја“- велат од министерството.

50883164-egypt-3

„Се чини дека ова е главниот град на самиот почеток на египетската историја“- додава египтологот Крис Еар од Универзитетот во Ливерпул, Велика Британија.

Според истражувачите, античките алатки и керамика се остатоци на траги од некогашната огромна работна сила која била ангажирана за градење на овие кралски гробници, и судејќи според структурите тие имале прилично епска одговорност.

50883164-egypt-4

Гробницата во близина е составена од 15 мастаби – древен египетски гроб кој има правоаголна форма, со закосени ѕидови и рамен покрив.

Според главниот истражувач – Јасер Махмад Хусеин, овие мастаби сега се најстарите гробници некогаш пронајдени, кои им претходат на гробници кои досега се сметаа за најстари во Сакара, и кои служеле како некропола на Мемфис – друг град од антички Египет .

Сепак, мора да почекаме за овие нови наоди да бидат верифицирани од други научници, и да видиме што ќе донесат натамошните ископувања.

50883164-egypt-2

Поддржете ја нашата работа: