Погледнете ја оваа неверојатна снимка на борба на змии

Погледнете ги овие две смртоносни кафени змии кои се испреплетуваат меѓусебно, формирајќи огромна, извиткана, двојна змија.

Снимена во близина на Западна Австралија во регионот Дандараган, оваа слика покажува две змии од видот „Pseudonaja nuchalis“ кои ги испреплетуваат своите тела заедно и формираат една супер-змија.

Ова всушност преставува борба помеѓу двајца мажјаци, најверојатно за женка која се наоѓа во близина, што е честа појава за време на пролетта и раното лето кога змиите се размножуваат.

„Добиваме извештаи, фотографии и снимки на парови од различни видови на змии кои се испреплетеле меѓусебно. Речиси сите мислат дека гледаат парење помеѓу две змии, но всушност се работи за ритуално борење помеѓу двајца мажјаци“ – изјавува Ник Клеман, од Одделот за одржливост и животна средина во Викторија, Австралија.

Па, што точно се случува и како мажјаците си нанесуваат болка со целото извртување?

Доколку овие змии навистина сакаат да си наштетат едни со други, би помислиле на болно каснување, наместо ваков танц.

Но, овој ритуал за парење не е борба до смрт, туку покажување на сила за да се докаже кој е посилен и има подобри ресурси. Потоа победникот ќе може да се пари со женката во близина, а губитниот си заминува поразен. Сепак, кај некои видови борбата е поагресивна и мажите меѓусебно се каснуваат. Иако намерата не е смртоносна, овие борби може да се опасни за змиите бидејќи може да дојде до снемување на воздух поради целото тоа стискање.

Овој вид на ритуал за парење не е застапен само кај овој вид на кафени змии, тој е прилично заеднички за сите змии во светот, па дури и помеѓу различни видови.

Проблемот со недостатокот на воздух станува малку пореален кога станува збор за две огромни змии, како што се овие две австралиски питони прикажани во видеото, кои можат да растат и до 4 метри во должина.

Или пак, наголемиот светски собир на змии кој брои 75,000 мажјаци кои испреплетувајќи се, се обидуваат да го добијат вниманието од една женка.

Па, доколку тепањето за една жена ви изгледа романтично, вистинското прашање е, како всушност изгледа вистинското парење? Одговорот е всушност многу помалку драматичен отколку што мислевме, како што може да погледнете на видеото подолу.

https://www.youtube.com/watch?v=W8Fbu_dPuh8

Поддржете ја нашата работа: