Како што информира археологот д-р Бранислав Ристески за весникот „Нова Македонија“, завршија заштитните археолошки истражувања на дел од комплексот во манастирот „Трескавец“, кои беа дел од капиталниот проект на Владата за системски истражувања на просторот околу манастирот.

При ископувањата на делот во трпезаријата и магерницата се пронајдени монети, садови, керамика, алатки, уникатни примероци на камена пластика, кои по конзервацијата ќе бидат презентирани пред јавноста.

Пронајдените предмети се од различни периоди. Она што, секако, е многу значајно е пронаоѓањето на единствената камена пластика од античкиот град Колобаиса.

Истражувања беа со цел да добиеме релевантни податоци за изработка на проектот за реконструкција, ревитализација и санација на трпезаријата и магерницата, бидејќи кога ќе се градат треба да бидат автентични и ретки на овие простори. Она што е значајно е дека овој дел од комплексот датира од периодот од 8 до 13 век. Највисоките дострели се последните години на 13 и на почетокот на 14 век, кога владеел византискиот император Андроник Први Палеолог. На „Трескавец“ се бележи исклучително значајна сертификациска култура.

treskavec„Манастирот е византиски, царски манастирски комплекс со автентична трпезарија, магерница, архитектура, живопис“ – вели Ристески.

Прочитај повеќе на следниот линк

Извор: Нова Македонија

Поддржете ја нашата работа: