Пронајдени две нови вакцини против маларија

Понекогаш науката е премногу бавна, а некогаш се чини дека се се случува одендаш. Оваа недела е еден таков пример. Имено, во период од една недела, беа објавени два успешни обиди за пронаоѓање на два различни видови на вакцини против маларија. Луѓето, сеуште на некој начин бараат решение за болеста која инфицира повеќе од 200 милиони годишно.

Минатата среда, Д-р Бенџамин Мордмулер и Проф. Питер Кремснер од Универзитетот во Тубинген, Германија објавиа дека вакцината PfSPZ-CVac докажа 100 проценти ефикасност кај 9 здрави возрасни лица, на кои им била дадена максимална доза од вакцината. Исто така на 58 лица им била дадена помала доза, и кај нив вакцината развила имунитет.

Учесниците биле инјектирани, следејќи ја дозата на хлорокин за спречување на болеста. Десет недели подоцна, оние на кои им е дадена цела доза сеуште покажувале имунолошки реакции, што се смета за доволно за да се спречи инфекција од маларија.

PfSPZ-CVac се разликува од претходните вакцини. Минатите обиди се базираат на користење на атенуирани патогени или специфични молекули од паразитот, во надеж дека имунолошкиот систем ќе се справи со нив. За жал успехот е ограничен.

“Со вакцинација на жив, целосно активен патоген, се чини дека успеавме да воспоставиме силен имунолошки одговор. Таа заштита веројатно била предизвикана од специфични Т-лимфоцити и антитела на паразити во црниот дроб”, вели Кремснер.

Следува тестирање на вакцината во Габон, за утврдување на нејзината долготрајност.

Завчера пак, во списанието Proceedings of the National Academies of Science, беше објавена нова студија, предводена од Д-р Роберт Седер од Националниот институт за здравство, Бетесда, во која користел разреден паразит. Кај 9 од 14 лица вакцината се покажала отпорна на истиот вид на паразит 19 недели подоцна.

Стапката на успех од 64 проценти може да изгледа сиромашна во споредба со PfSPZ-CVac која е 100 насто успешна, но авторот на студијата нагласува дека итноста од заштита од различни генетски видови е неопходна имајќи го во предвид замавот на болеста.

Двата проекти ги чека долг пат пред целосно да се подготват за масовно производство. Многу ветувачки вакцини не успеале во подоцнежните препреки и затоа е важно да се напредува во откривањето на нови кои нудат надеж за новите генерации.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt