Пронајдени остатоци од праисториска видра, голема колку волк

Во Кина се пронајдени фосилни остатоци на огромна праисториска видра со силна вилица и големина на волк.

Фосилот на животното, наречено Siamogale melilutra, е пронајден во провинцијата Јунан, југозападен дел на Кина. Пронајдени се черепот, забите вилицата и други коски, пишува списанието “Journal of Sistematic Palaeontology”.

Археолозите ги пронашле овие остатоци уште во 2010 година во еден рудник за јаглен.

Установиле дека овој цицач живеел пред шест милиони години и бил тежок околу 110 килограми, што е многу повеќе од денешните видри. Ова откритие може да им помогне на научниците да ја реконструираат историјата на еволуцијата на семејството ласици во кое спаѓаат видрата и јазовецот.

“Новото откритие овозможува препознавање на ретките еволутивни групи и можност за нивно дополнително истражување,” се вели во списанието.

Погледнете го видеото:

Поддржете ја нашата работа: