Мажите кои се премногу загрижени за големината на својот пенис може да страдаат од телесно дисморфично растројство – или состојба во која лицето верува дека изгледот му е дефектен и дека треба на некој начин да го поправи или измени.
Оваа состојба е честа кај жените, кои најчесто сметаат дека не се доволно слаби па подлегнуваат на пластична хирургија, но и мажите може да имаат слични мисли за своите гениталии.
Во неодамнешно истражување, објавено во „BJU International“, истражувачите од Велика Британија сакале да испитаат што се смета за нормално, кога станува збор за големината и обемот на пенисот.
Со оглед на тоа дека нема формални или официјални извештаи на оваа тема, мажите често се збунети и загрижени за тоа дали нивниот пенис е мал или нормален. Покрај тоа, нема никакви обиди да се создаде графички дијаграм или номограм кој ја отсликува големината на пенисот во флакцидна и еректилна состојба.
Истражувачите анализирале медицинска литература и откриле 17 истражувања кои испитуваат до 15.521 мажи и големината на нивниот пенис со надеж дека ќе успеат да создадат номограм за големината на машкиот пенис кај сите возрасти и раси. Откриле дека просечната должина на пенисот во флакцидна состојба е 9,16 см, а во еректилна 13,24 см. Просечниот обем на пенисот во флакцидна состојба е 9,31 см, а во еректилна 11, 66 см.
Авторите се надеваат дека овие податоци ќе ги успокојат мажите кои се загрижени за големината на својот пенис.