Просечни големини на пенисот според Науката

Оваа состојба е честа кај жените, кои најчесто сметаат дека не се доволно слаби па подлегнуваат на пластична хирургија, но и мажите може да имаат слични мисли за своите гениталии.

Во новото истражување, објавено во „BJU International“, истражувачите од Велика Британија сакале да испитаат што се смета за нормално, кога станува збор за големината и обемот на пенисот.

Со оглед на тоа дека нема формални или официјални извештаи на оваа тема, мажите често се збунети и загрижени за тоа дали нивниот пенис е мал или нормален. Покрај тоа, нема никакви обиди да се создаде графички дијаграм или номограм кој ја отсликува големината на пенисот во флакцидна и еректилна состојба.

Истражувачите анализирале медицинска литература и откриле 17 истражувања кои испитуваат до 15.521 мажи и големината на нивниот пенис со надеж дека ќе успеат да создадат номограм за големината на машкиот пенис кај сите возрасти и раси. Откриле дека просечната должина на пенисот во флакцидна состојба е 9,16 см, а во еректилна 13,24 см. Просечниот обем на пенисот во флакцидна состојба е 9,31 см, а во еректилна 11, 66 см.

Авторите се надеваат дека овие податоци ќе ги успокојат мажите кои се загрижени за големината на својот пенис

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt