Процвета пустина во Калифорнија – феномен на “супер цутење“

Во близина на гратчето Борего Спрингс, во Калифорнија, оваа година е забележена ретка појава т.н. „супер цутање“ на дивите пустински растенија.

Поимот „супер цутење“ се однесува на огромен број пустински растенија кои цветаат во исто време во одредена област. Супер цутењето оваа година главно е забележана во Националниот парк Анза Борего, кој се граничи со Борего Спрингс.

Услови за вакво распространето и истовремено цутење на билките, во Калифорнија се случува еднаш на 10 години.

Високата температура и големите количини на дожд што минатата година паднале во пустинската долина на истокот на Калифорнија придонеле за појава на овој феномен.

Foto: Tanjug

Се очекува цутењето на пустинските расенија  годинава  да трае до крајот на мај и дека во циклуси ќе зафати различни пустински делови, во завиностод видот на растенијата.

Поддржете ја нашата работа: