Тест во пустина за првата мисија на Марс

Oва 2.5 тони футуристичко засолниште не е поставена на Марс, туку длабоко во пустина на Арапскиот полуостров, односно во Оман. Поради големата сличност на оваа пустина со Марс, повеќе од 200 научници од 25 земји во светот се сместени тука, за наредните недели да извршат експерименти како дел од подготовките за следната мисија на Марс.

“Првите чекори на Марс ќе ги направиме во наредните 20 до 30 години. Мислам дека технологијата природно ќе не одведе таму ако продолжиме вака. Тоа значи дека првиот човек кој ќе стапне на Марс веќе е роден и можеби оди во училиште, тука во Оман, во Европа, Америка или Кина“, вели астронаутот Жоао Лусада.

Научници од целиот свет презентираат идеи за експерименти и мисијата. Меѓу останатото, во пустината се тестираат разни вселенски средства, нови космонаутски костуми, се прават психички и физички тестови. Научниците се оптимисти за иднината на откритијата во вселената, особено по успешното лансирање на ракетата Фалкон.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt