Прв сериозен доказ дека на Марс имало атмосфера богата со кислород

Карпите од површината на Марс го дадоа досега најдобриот доказ дека планетата некогаш имала атмосфера богата со кислород.

Прекарот „Црвена планета“, Марс го добил по изобилието од железен оксид – инаку познат и како ‘рѓа, што се наоѓа на неговата површина. Но покрај железото, сега роверот на НАСА  „Curiosity“ открил значително количество на манган оксид во карпите од кратерот Гејл на Марс.

„Откривме дека 3 проценти од карпите содржат големо количество на манган оксид. За тоа се потребни изобилство на вода и силни услови за оксидација, така што атмосферата мора да содржела многу повеќе кислород отколку што мислевме“- изјвила Агнес Кусин од Истражувачкиот Институт за астрофизика и планетологија во Тулуз, Франција, на состанокот на Европската геофизичка унија во Виена, минатата недела.

Сегашната атмосфера на Марс се состои од 95% јаглероден диоксид, а кислород содржи само во трагови. Сепак , многу истражувачи тврдат дека некогаш атмосферата на Марс мора да била богата со кислород, а ова е досега најдиректниот доказ, тврди тимот на „Curiosity“.

Роверот го идентификувал манган оксидот со помош на посебен инструмент (ChemCam) со кој ласерски се дробат карпите и се анализираат хемикалиите и минералите во облакот од прав кој притоа се создава. Истражувачите сѐ уште не ја одредиле точната старост на манган оксидот, но се надеваат дека тоа ќе го постигнат преку идните податоци од роверот.

Бидејќи голем дел од депозитите на манган оксидот се во близина на местото каде што некогаш постоело езеро во кратерот, Кусин вели дека протокот на течност со растворен кислород во неа може да имал клучна улога во создавањето на овие депозити.

Сепак, ако имало многу кислород, тоа би можело да им наштети на раните форми на живот, вели Дамиен Лоизо од Универзитето Лион, Франција. На Земјата, оксигенацијата ги нарушила биолошките молекули. Појавата на кислород на Земјата е поврзана со одредени микроорганизми кои го продуцирале, но било погубно за соседите на овие организми.

1460-2-1200x800 (1)

Поддржете ја нашата работа: