Првиот телефон со 2 предни камери пристига наскоро

Пред неколку години, никој не го сфати сериозно главно, поради тоа што примарна дејност му се компјутерите.

Сепак, неколку години подоцна, Леново се смета за еден од најпопуларните креатори на андроид телефони во Кина.

Во изминатите неколку месеци, имаше најави за претстојните паметни телефони Леново, кои, најверојатно, ќе бидат објавени неколку недели од сега.

Сепак, има уште едно изненадување.

Според неодамнешниот извештај од страна на ГСМ Арена, Vibe S1, еден од претстојните уреди на компанијата, ќе има две предни камери, наместо една.Иако од компанијата се уште не ги потврдиле информациите, Комисијата за одобрување на електронските кориснички уреди во Кина открива голем дел од карактеристиките на новиот уред.

Двете предни камери на смартфонот се со по 5 мегапиксели и ќе овозможат поголема длабочина и обработка на селфијата. Во однос на останатите карактеристики,Vibe S1 ќе се одликува со 13 мегапикселна задна камера со LED-блиц, 5-инчен дисплеј со резолуција 1 080 пиксели, 2 GB RAM меморија и 16 гигабајти внатрешна. Процесорот е осмојадрен Snapdragon 615, а оперативниот систем – Android Lollipop.

Точниот датум на пуштање во продажба се уште е непознат, но постојат индикации дека ќе биде многу наскоро.

Поддржете ја нашата работа: