Мажите кои објавуваат многу селфи фотографии, најверојатно се психопати?

Многу луѓе до сега се сомневаа, но сега науката потврди дека мажите кои објавуваат многу селфи фотографии се помалку различни.

Мажите кои користат стилски инстаграм филтри во нивните постови се уште поразлични.

Една студија од Државниот Универзитет во Охајо вели дека мажите кои испраќаат бескрајни автопортрети на социјалните мрежи имаат поголема веројатност да поседуваат несакани ментални особини, како што е психопатското однесување.

Мажите кои користат филтри за уредување на физичката убавина покажале повисок степен на анти-социјално однесување, како нарцизам и опсесија со сопствениот изглед.

Што се однесува до менталното здравје на нашите омилени познати ликови како пејачи, глумци и слично, може само да шпекулираме.

Психолозите од Универзитетот во Охајо испитувале 800 мажи на возраст од 18 до 40 години за нивната интеракција во објавување на селфи фотографии на социјалните мрежи.

Испитаниците исто така решавале тестови со кои се испитувала нивната суета, и морале да кажат дали користат притоа филтри и исекување на фотографиите.

791283_0150107_bieber-google-images

Доцент Џеси Фокс, главен автор на студијата на државниот универзитет во Охајо, вели: “Не е изненадувачки дека мажите кои испраќаат многу автопортрети и поминуваат повеќе време во нивно уредување се понарцисоидни, но ова е прва студија која го потврдува ова мислење.”

Интересен податок е сознанието дека овие мажи ја имаат и таа друга особина на психопатија и повеќе се склони кон само-објектификација.

Многу од нас мислат дека мажите не ги прават овие работи, но дефинитивно ги прават, објаснува Фокс.

Исто така таа вели дека, психопатијата се карактеризира со импулсивност. Ваквите мажи ќе направат фотографии и веднаш ќе ги споделат, бидејќи сакаат да бидат видени.

Поддржете ја нашата работа: