“Селфи” трендот го следат два пингвини на Антарктикот

Правењето селфи е многу популарно помеѓу луѓето, но кога ќе го видите ова селфи на два пингвини од Антарктикот ќе се воодушевите. Ова популарно видео кое кружи на интернет е вистински хит.

Два радознали пингвини прават селфи снимка на местото Остер на Антарктик, а видеото го објави Австралиската антарктичка дивизија.

Два царски пингвини успеле да направат кратко видео откако пронашле камера на член од експедицијата Еди Голт кој ја оставил на мразот во близина на колонијата на овие пингвини.

Сепак, иако не станува збор за право селфи, ова видео стана вистински хит на интернет. За неколку часа видеото е прегледано повеќе од 30 000 пати.

Да потсетиме дека пингвините сепак не се првите животни кои некогаш си играле со камера. За случајот со макаки мајмунот кликнете тука.

 

 

 

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.