Психопатите во реалниот живот имаат потпросечна интелигенција

Манипулативни, нечесни, со недостаток на емпатија – ова се карактеристиките кои опишуваат еден психопат. Но идејата дека тие се исклучително паметни, како што често се претставуваат во филмовите и телевизијата, не е точна. Всушност, се чини дека психопатите имаат потпросечна интелигенција.

Сите најверојатно се имаме сретнато со психопат во одреден момент во нашиот живот. Тие сочинуваат околу 1 процент од населението, вели Брајан Баутвел од Универзитетот Сент Луис во Мисури.

Една личност се класифицира како психопат доколку постигне одреден резултат на тестот за психопатски карактеристики, кој вклучува бесчувствителност, импулсивност, агресија и чувство на грандиозност. „Не сите психопати го прекршуваат законот и повредуваат некој, но шансите за да го направат тоа се поголеми“ – додава Баутвел.

Бидејќи многу од психопатите се симпатични и манипулативни, луѓето претпоставуваат дека тие исто така имаат и натпросечна интелигенција. Психолозите ова го нарекуваат „Митот за Ханибал Лектор“ осврнувајќи се на измислениот сериски убиец, канибалист и психијатар од книгата и филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.

Но, Баутвел не мисли така. „Психопатите се импулсивни, имаат блиски средби со законот и често се повредуваат. Тоа ме натера да мислам дека тие не се премногу интелигентни“ – смета тој.

За да го истражи тоа, Баутвел и неговите колеги ги анализирале резултатите од 187 објавени студии за интелигенцијата и психопатите. Овие документи вклучувале истражувања за психопатите во затвор, како и за оние со кариери на високо ниво. Тие исто така вклучувале и голем број на мерки за интелигенција.

Генерално, тимот не пронашол докази дека психопатите се поинтелигенти од луѓето кои немаат никакви психопатски карактеристики. Всушност, односот е обратен. Во просек, психопатите имале значително пониски резултати на тестовите за интелигенција. „Мислам дека овие резултати ќе изненадат многу луѓе“ – вели Баутвел.

QUALITY: 2ND GENERATION-- AMERICAN PSYCHO - RELEASE DATE 21TH APRIL-- Christian Bale as Patrick Bateman-- FOR FURTHER INFORMATION PLEASE CONTACT: National Press - Linda Russell @ DDA Tel: 0171 439 6391 Fax: 0171 437 6358 e-mail: LRussell@ddapr.com

Мат ДеЛиси од Државниот универзитет во Ајова се надева дека овие наоди ќе помогнат за митот за Ханибал Лектор да се стави во мирување. „Овој лик ја воведе идејата дека психопатите се многу интелигентни, а имаше и реални престапници кои го отелотворија ова, како Тед Банди. Но јас имам интервјуирано илјадници престапници, некои од кои со многу психопатски карактеристики, и открив дека всушност сосема спротивното е точно“ – вели тој.

Со неговото искуство, тој вели дека психопатите имат тенденција да бидат слаби во училиштето. Тие не сакаат да седат и читаат книги, наместо тоа може да завршат со злоупотреба на супстанци. Во своите интервјуа, тој открил дека тие се прилично неартикулирани, пцујат многу и зборуваат во многу груб и агресивен стил.

Баутвел се надева дека неговото истражување ќе помогне подобро да се разбере како работи психопатијата, и дали постои можност да се лекува. Моментално, психопатите се сметаат за „неизлечливи“ и многу од оние кои биле во затвор, повторно го повториле кривичното дело.

„Психопатијата не е подложна на психотерапии. Колку подобро ја разбереме, толку подобра можност би имале за да развиеме третман и рехабилитација за психопатите“ – смета Баутвел.

Поддржете ја нашата работа: