Секој од нас се чувствувал депресивно во одреден период од животот, но тоа не значи дека пател од депресија. Тоа е можеби најголемата заблуда околу оваа болест.
Всушност, депресијата е ментално нарушување на здравјето кое трае најмалку две последователни недели и нема да исчезне само затоа што вие посакувате да исчезне. Депресијата значително негативно влијае на способноста за нормално функционирање, притоа оставајќи последици и на невролошко и на биолошко ниво. На експертите се’ уште не им е позната точната причина за нејзината појава, но сметаат дека претставува мешавина на генетските фактори и животната средина.
Депресијата е водечката причина за онеспособеност во светот и само во Америка влијае на околу 10% од возрасните. Симптомите варираат од нерасположение и губење интерес за работите што некогаш сте ги сакале, до промени во апетитот, премногу или премалку спиење, чувство на безвредност или помисла на самоубиство. Доколку имате најмалку 5 од познатите симптоми, тогаш може да ви биде дијагностицирана клиничка депресија. Но, депресијата не е само ментална манифестација туку предизвикува промени и во мозокот и телото.
Во ова неодамнешно видео на „TedTalk“, д-р Хелен Дарел од школото за медицина на Харвард, ни објаснува нешто повеќе за тоа.