Реката Слимс, која низ Канада течела 300 години, целосно исчезнала во 2016 година.
За само четири дена водостојот на реката сосема опаднал и на нејзиното место денеска се наоѓа само празно, суво корито.
Како причина за исчезнувањето на реката научниците ги наведуваат климатските промени, односно поместувањето на глечерите. Се предвидува дека слична судбина ќе ги најде голем број други реки ширум светот.
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Nature“.
Поддржете ја нашата работа: