Решена една од најголемите мистерии за црните дупки?

Супермасивните црни дупки се едни од најголемите објекти во Универзумот. Можеби една од најголемите мистерии за нив е тоа како станале толку големи.

Со години, астрономите дебатирале околу две сценарија – дека тие уште на самиот почеток биле огромни, или пак дека биле мали па започнале да се шират со огромни брзини кои го рушат нашето сегашно разбирање на законите на физиката. Сега можеби конечно имаме одговор на ова прашање.

Научниците сега всушност предлагаат ново сценарио – дека супермасивните дупки може да се формирале директно од облаци од гас, што им овозможило да бидат големи уште на почетокот и да продолжат да се зголемуваат со нормална брзина.

За да ја тестираат оваа хипотеза, тие го користеле телескопот Хабл, опсерваторијата Чандра и телескопот Спитцер за да пронајдат т.н. семки на црни дупки, односно објекти со маса 100 илјади пати поголема од масата на Сонцето, кои се формирале директно од голем облак од гас.

Ваквите објекти се исклучително тешки за детектирање, но научниците од Националниот институт за астрофизика во Италија сметаат дека ги откриле досега најдобрите два кандидати. Потреби се повеќе за да може подобро да се проучат, па се’ уште е рано да се каже дали овие облаци од гас се родното место на едни од најголемите објекти во универзумот, но компјутерските модели покажале дека доколу супермасивните црни дупки навистина се формирале од вакви облаци од гас, тие би ги прескокнале најраните степени на раст, што би можело да објасни како тие успеале да достигнат таква неверојатна маса за само 1 милијарда години по Големата експлозија (Биг Бенг).

Истражувањето треба да се објави во претстојното издание на „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“, но може да го погледнете и на следниов линк.

Поддржете ја нашата работа: