Рецептот за „каменот на мудроста“ на Исак Њутн

Еден ракопис од Сер Исак Њутн од 17-тиот век  беше откупен од Фондацијата на Американското хемиско наследство и откако со децении стоеше заклучен во приватни колекции, конечно содржината на овој извонреден документ ќе и биде достапна на јавноста.

Во документот, кој вклучува опис од експериментите вршени од Њутн и белешки од уште еден во тоа време познат хемичар –Џорџ Старки, во кратки црти се опишува рецептот за т.н. „мудра жива“ – за која се мислело дека е клучната состојка за создавање на „Каменот на мудроста“

Каменот на мудроста е митска супстанција за која се верува дека може да ги претвори обичните метали – железото, оловото или бакарот, во злато.

Текстот е идентификуван како копија од еден претходен документ со истиот наслов, напишан од „Eirenaeus Philalethes“ многу ценет алхмичар во 17-тиот век, којшто Њутн го користи како референтен текст за сопствените алхемиски експерименти. Според „Chemistry World“, првата позната печатена верзија на овој рецепт била објавена во 1678 година, така што е можно Њутн да го препишал рецептот за своја потреба.

328F252600000578-0-image-a-17_1458935486720

Алхемијата претставува древна филозофска и спиритуална дисциплина која комбинира елементи од хемијата, физиката, астроомијата и медицината. Терминот „Magnum Opus“ (или во превод од латински „Големото дело“) во алхемијата ги означува процесите кои доведуват до создавање на „Каменот на мудроста“, за кој во средновековниот период па до 17-тиот век се верувало дека не само што има моќ да ги претвори обичните метали во благородни, туку и дека може да подари вечен живот.

Со векови „Каменот на мудроста“ е најбараниот објект во алхемијата, сѐ додека научниците не сфатиле дека она што би требало да го направи воопшто не е возможно. Не е јасно дали Њутн навистина го испробал рецептот кој го копирал од „Eirenaeus Philalethes“ – за кој се смета дека е псевдоним на хемичарот Џорџ Старки, кој се школувал на Харвард и бил еден од првите научници чии дела се објавени во САД.  Но, според „Chemistry World“, „би било необично за него да не се обидел“.

Но, дури и да не се обидел да го испроба рецептот, од текстот може да се види на кои други експерименти работел Њутн во тоа време, благодарение на белешките кои се напишани околу копираниот рецепт.

Документот, заедно со уште десетина други, првично бил продаден од роднините на Њутн на приватни колекционери во периодот на 1930-тите години. Оттогаш, на разни начини се вратени во јавните институции, меѓу кои и на Универзитетот во Кембриџ, Велика Британија каде што работел Њутн.

Откако документот бил откупен, Фондацијата на Американското хемиско наследство објави дека документот е скениран и ќе биде поставен во онлајн базата на податоци од Проектот за Исак Њутн при Универзитетот во Индијана за да може да биде достапен за сите преку интернет.

Поддржете ја нашата работа: