Омега-3 се масни киселини од суштинско значење кои не можат да се синтетизираат од човечкото тело и затоа е потребно да се внесат преку исхраната, најчесто преку јадење мрсна риба. Но, исто како и луѓето и рибите не можат да ги синтетизираат омега-3 киселините и тие треба да ги обезбедат преку исхрана. За да ја задоволат глобалната побарувачка, рибниците (или аквакултурите) како храна користат огромни количина дива риба, што ја зголемува опасноста од прекумерен риболов, со тоа загрозувајќи ја глобалната безбедност на храната.
Со рециклирање на гасовите на CO2, (како еденствен извор на јаглерод за континуирана гасна ферментација) микробите на „LanzaTech“ продуцираат ацетат кој потоа се користи како енергија и јаглерод за алгите кои ги развил тимот од „IOC-DBT“. Овие алги се богати со омега-3 масни киселини и можат да се користат како замена за рибите богати со омега-3. Маслото од алгите исто така може да се екстрахира и да се прочисти и самостојно да се користи како липиден производ богат со омега-3.
Целосната пилот – фабрика ќе биде отворена идната година во „IOC“ ( R&D) што ќе ги интегрира двата процеса што ја сочинуваат оваа технологија. Овој процес би можел да биде пресвртница во производството на омега-3 масните киселини и маслото од алги на економски одржлив начин.