Група на три надежни ученици од Академијата Исак Њутн во Лондон, Данал Али, 14, Муаз Наваз, 13 и Чираг Шах, 14, измислиле кондоми кои светат во присуство на одредени сексуално преносливи инфекции. Тие го нарекуваат нивниот изум „ST EYE“.
„Сакавме да направиме нешто што го прави откривањето на штетни СПБ побезбедни од кога било досега, така што луѓето ќе можат да преземат итна акција во приватноста на своите домови без инвазивни процедури на лекар. Ова ќе помогне луѓето да бидат смирени и поодговорни“, велат тие.
Кондомот ќе работи со тоа што се полни со молекули кои блескаат во услови на недоволна осветленост кога се во допир со генетски материјал од бактерии и вируси кои можат да предизвикаат сексуално преносливи болести како кламидија и сифилис. И да, тие се во боја – зелени за кламидија, жолти за херпес, виолетови за хуманиот папилома вирус (ХПВ), кој предизвикува генитални брадавици, и сини за сифилис.
Идејата беше доволно сериозна за да ја добие највисоката награда (околу 1500 $) за здравство на „TeenTech“ оваа година, годишен конкурс кој ги мотивира тинејџерите од 11 до 16 годишна возраст да ги реализираат своите вистински потенцијали и реалните можности на располагање во современиот пазар на труд.
Треба да се истакне дека „ST EYE“ е повеќе концепт отколку целосно реализиран производ. Постојат неколку интересни прашања кои во меѓувреме треба да се разгледаат.
Дали кондомот открива можни сексуално преносливи инфекции од нивниот партнер на корисникот или? И како ќе се каже кој е кој? Што е со повеќе сексуално преносливи инфекции? Дали има некој начин да се модификува за сексуални средби кои не вклучуваат кондом? И дали ќе има телефонска линија за поддршка за неизбежен и неверојатно непријатен разговор кога нечии препони ќе заблескаат?
Сепак, очигледно е дека момчињата зад „ST EYE“ имаат за цел да поттикнат и да го насочат нашето вниманието кон значаен проблем. Центрите за контрола на болести, во извештајот за 2013 година, заклучиле дека има повеќе од 20 милиони нови сексуално преносливи инфекции стекнати на годишно ниво во САД, првенствено ХПВ, со директни медицински трошоци од 19 милијарди долари годишно. Околу половина од овие случаи се кај млади мажи и жени. Голем дел од овие инфекции се неоткриени, бидејќи тие често немаат никакви симптоми. Ситуацијата е далеку полоша во земјите во развој.
Но, можеби со иновативни пронајдоци како ST EYE сите ние можеме да научиме повеќе за безбедноста.