Јапонија најави дека автономните такси возила ќе започнат со работа во текот на наредната година.
Како дел од партнерството меѓу јапонската федерална влада и компанијата „Robo Taxi“, 50 лица ќе учествуваат во програмата за тестирање која ќе се одржи во Канагава, јужно од Токио. Патот опфаќа околу 3 километри и вклучува некои од главните патишта во градот, поради што во возилата ќе биде присутен и возач, кој ќе ја преземе контролата доколку има некој итен случај.
Сето ова е дел од целта на компанијата за комерцијализирање на ваквиот вид на такси превоз до 2020 година, со оглед на тоа што и „Google“ го постави истиот рок за тестирање и продажба на своите автономни автомобили.
Најголема корист од оваа технологија ќе имаат постарите лица, кои веќе не се во можност самите да возат.
Постои уште една причина поради која возилата треба да бидат спремни до 2020 година – Олимписките игри во Токио. Гледачите, па дури и спортистите, ќе може да се превезуваат во овие такси возила, со само еден допир на паметниот телефон.
Се’ повеќе компании работат на овој вид на автономна технологија, меѓу кои и „Apple“, иако во моментов тоа е само шпекулација.