Русија испраќа летало на Марс следната година

Русија ќе започне серија мисии на Марс, а првата е планирана за 2019 година кога ќе биде лансирано летало без човечки екипаж.

– Планираме да лансираме летало без, а подоцна и со човечки екипаж, во „длабоката“ вселената, во рамките на програмата за истражување на Месечината и Марс. Првата мисија ќе започне наскоро, планираме лансирање на летало на Марс во 2019 година, наведе рускиот претседател Владимир Путин.

Тој додаде дека програмата за истражување на Месечината ќе биде фокусирана на нејзините поларни делови.

– Наши експерти ќе се обидат да слетаат на половите, бидејќи се сомневаме дека таму има вода. Потребни се доста истражувања на ова поле, а оттаму можеме да почнеме со истражуваме на други планети и остатокот од вселената, потенцира рускиот претседател.

Планот за истражување на Месечината вклучува слетување на јужниот пол на сателитот следната година, тестирање на технологии кои би можеле да бидат користени за постојана станица во 2023 година и мисија за земање примероци од почвата до 2025 година.

Станица на Месечината би можела да започне да функционира за 20 до 30 години.

Поддржете ја нашата работа: