Русија објави дека ќе испрати луѓе на Месечината

Во вторникот, на конференцијата за вселена и технологија во Москва, шефот на Роскосмос – руската верзија на НАСА, објави: „Летови со човечки екипаж и слетувања на Месечината се планираат за 2029 година“.

На ова се придружува и Европската вселенска агенција, која минатата година направи историски чекор со спуштањето на вселенско летало на комета (67П/Чурјумов-Герасименко).

„Нашите амбиции се да имаме европски астронаути на Месечината. Во моментов се водат дискусии на меѓународно ниво за поширока соработка за тоа како повторно да се вратиме на Месечина“ – изјави неодамна за „BBC News“ Беренжер Худо, која е на чело на групата за лунарни истражувања при Центарот за европски вселенски истражувања и технологија.

Русија и Европа изразија заеднички интерес за воспоставување на постојани бази на Месечината и веќе почнаа да ги преземаат првите чекори кон остварување на оваа цел.

Минатиот месец Роскосмос објави дека ќе испрати сонда – наречена Луна 25, на јужниот пол на Месечината во 2024 година. По слетувањето, сондата ќе врши испитувања на површината на Месечината за идните бази.

Мисијата Луна 25 првично била предложена во 1997 година и оттогаш неколку пати е одложувана, но со европска помош се чини дека мисијата  ќе го добие потребниот поттик. Како што известува „Tech Insider“, изградбата на вселенското летало веќе е започната.

Додека заедничите напори на Русија и Европа се насочени кон Месечината, НАСА ја  продолжува својата потрага по подалечни и поопасни мисии – Марс.

Статијата е објавена во „Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: