Доколку се обезбеди соодветна технологија, нуклеарната фузија би овозможила чиста енергија за сите наши потреби, па затоа и научниците ширум светот напорно работат да го остварат ова.
Нуклеарната фузија во основа значи хемиските реакции што се одвиваат на Сонцето да се реплицираат овде на Земјата. Ова воопшто не е лесна работа. Во видеото од „Kurzgesagt“ се објаснува за неверојатниот потенцијал на нуклеарната фузија и огромните предизвици поврзани со постигнувањето на овој процес.
Основа на нуклеарната фузија претставува процесот каде атомите толку се загреваат што се отстрануваат од нивните електрони, оставајќи ги електроните и јадрата слободно да отскокнуваат во плазмата.
Кога овие јадра ќе достигнат одредена температура – приближно 14.000.000 °C, како што е случај со Сонцето, тие се спојуваат ослободувајќи го тоа огромно количество на енергија што го напојува Сонцето, а што еден ден би можело да обезбеди неограничени количини енергија на Земјата.
Сонцето ја постигнува оваа термонуклеарна реакција благодарение на својата огромна маса што доведува до огромен притисок и неверојатно висока темпертура во неговото јадро. Но, како да се постигне истиот притисок и температура во реактор?
Постојат два основни пристапи. Првиот начин – магнетно задржување, користи магнетно поле за да ја притисне плазмата во внатрешноста на специјален уред. Суперспроводливите електромагнети се ладат со течен хелиум блиску до апсолутна нула.
Машината „ITER“ во Франција е пример за ваков уред.
Во вториот пристап се користат супермоќни ласери. „The National Ignition Facility“ во САД е едно од местата каде се прават вакви екперименти.
Научниците веќе постигнале фузија во вакви комплексни машини – проблемот е што оваа реакција бара многу повеќе енергија откоку што произведува, што воопшто не е идеално за иден извор на енергија.
Всушност, никој не е сигурен дека некогаш воопшто ќе успееме да направиме успешен реактор на нуклеарна фузија на Земјата, но можноста за практично неаограничена , еколошка енергија значи дека сепак ќе продолжиме да се обидуваме.
Како што се објаснува во видеото, преу нуклеарна фузија од една чаша морска вода може да се добие енергија колку од едно буре нафта, скоро без никаков отпад.
Нукеарната фузија не создава јаглерод диоксид како фосилните горива, а во споредба со нуклеарната фисија создава многу малку радиоактивен отпад. Покрај тоа, при овој тип на реакција не постои можност од нуклеарна хаварија.
Но, постои уште еден друг проблем: за напојување на оваа реакција потребни се посебни водородни изотопи наречени деутериум и трициум. Деутериумот е стабилен и го има во изобилство во морската вода, но трициумот е радиоактивен и е многу редок.
Можна замена за трициум е хелиум-3, кој иако е исто така редок на Земјата, го има во големи количини на Месечината.
Ако успееме да го собереме од таму, тоа заедно со деутериумот би можело да и обезбеди енергија на Земјата за илјадници години.