Европската Вселенска Агенција (ЕSА) стравува дека уште утре вечер може да биде изгубен контактот со леталото, кое во моментов се наоѓа во сенка на една карпа. Тие преземале ризичен чекор и ја вклучиле дупчалката на лендерот, која ќе ја потроши и онака лимитираната енергија на модулот, во обид сепак да се добијат некакви податоци од мисијата.
Инженерите му дале инструкции на лендерот да дупчи под површината на кометата и да го искористи спектрометарот со X-зраци за анализирање на примероци. Меѓутоа, свесни се дека не постои гаранција за тоа дали податоците од ова мерење ќе успеат да стасаат до Земјата.
Во моментов, лендерот функционира со две батерии и минимално производство на енергија од неговите соларни панели. Тоа е доволно само за да се комуницира успешно со него до утре вечер.
„ЕSА“ се надева дека ќе биде најден начин да се преориентираат соларните панели и на тој начин да се напојува лендерот со доволно енергија. Проблемот е во тоа што точната позиција на модулот не е утврдена се’ уште и првото „селфи“ испратено од лендерот не е доволно за на инженерите им даде идеја како да го позиционираат подобро.
Во спротивно, постои надеж дека Фили ќе се врати во функција и ќе може да биде контактиран повторно, кога кометата ќе се приближи кон Сонцето. Својот перихелион (позиција најблиску до Сонцето) кометата 67П ќе го достигне во Август, 2015-та година.
Засега, како што порачуваат и инженерите на „ЕSА“, останува само да „држиме палци“ за Фили и да се надеваме дека нема да занеме утревечер.
Почитувани пријатели моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас. Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни! |
{loadposition like_article} |