Понекогаш во науката треба да вложиме многу напор на долги патеки за да направиме нешто што и самите не веруваме дека би можеле, за на крај тоа да излезе смешно, но сепак доколку вложениот труд вроди со плод добивката би била преголема.
Затоа телескопот Robert C. Byrd Green Bank ќе потроши многу време истражувајќи го првиот познат меѓуѕвезден посетител во Сончевиот систем, за да не случајно станува збор за вонземско вселенско летало.
Гледајќи наназад, кон крајот на октомври, телескопот PANSTARRS 1 во Хаваи детектирал нешто што личи на комета наречена C/2017 U1. Излегло дека таа не потекнува од Сончевиот систем, туку е формирана околу некоја друга ѕвезда. Понатамошните испитувања не откриле траги од комета,и затоа на крајот тоа се смета за астероид.
Гледајќи го овој настан, многумина можеби ги потсетува на класичната новела “Rendezvous With Rama”, но за такво нешто сепак ни недостасува технологија, па затоа го користиме она со кое располагаме.
Понатамошните набљудувања ги зголемиле паралелите. Таканаречениот објект Oumuamua, е доста издолжен – односот на неговата должина и ширина е 10:1 што е нетипично за астероид, а е соодветно за вселенско летало кое е дизајнирано за намалување на триењето со меѓуѕвездена прашина. Сепак, шансите ова да е вонземска креација се астрономски.
Ави Лоеб, професор од Харвард, вели дека орбитата не покажува знаци на движење за разлика од вселенското летало. Сепак, во случај ова да е најголемата вест, проектот Breakthrough Listen објавил дека 10 часа од скапоценото време на голем радио телескоп ќе бидат посветени на барање сигнали на фреквенции од 1 до 12 гигахерци.
Набљудувањата започнале на 13ти декември во 15 часот по источно време. И покрај многуте оптички набљудувања само мерења со низок сензибилитет се извршени со радио телескопи, што ги инспирирало Breakthrough Listen.
Oumuamua патува со голема брзина, двојно побрзо отколку ние од Земјата до Сонцето, што ги прави набљудубањата со телескопи да бидат потешки во видлив спектар.
Ендру Сајмон од Беркли истражувачкиот центар забележа дека сепак тоа е помалку за 2% од оддалеченоста на Војаџер од нас, а сеуште оттаму примаме добри сигнали. Затоа, доколку има некакви радиоемисии на правите бранови должини, телескопот Byrd треба да ги забележи.
Дури и во случај да не се пронајде вонземска активност, секогаш постои можност за друг вид на научно вреден резултат. И покрај се, постои општа согласност дека овој објект е необичен и покрај неговата орбита, иако повеќето не се согласуваат со теории како онаа според која Oumuamua е всушност грутка oд темна материја.



























