Сè повеќе од младите не знаат да готват

Според едно истражување, младите сè повеќе немаат доверба и вештини за готвење. Тие, исто така, и не се загрижени за сопственото здравје, верувајќи дека вежбањето ќе надомести за лошата исхрана и пушењето.

Истражувачите од универзитетите Ланчестер, Њукасл и Дурам, испитувале млади на возраст од 16 до 20 години, со цел да ги испитаат ставовите спрема храната и како тоа може да доведе до гојазност.

Некои од нив рекле дека не си веруваат себеси дека можат да готват, па затоа нивното готвење се сведува на подгревање готови јадења или пак правење тост. А на некои пак, родителите им купуваат таква брза храна која само ја подгреваат, како пица, чипс, готови јадења и можеби по некој чај. Тоа за нив е готвење.

Младите немаат фиксен оброк во одредено време, затоа што доаѓаат дома кога сакаат и само си ја подгреваат храната. Исто така, храната што ја јадат дома не значи дека е направена дома. Тинејџерите најчесто си нарачуваат храна или пак си носат од места како Мекдоналдс. Некои дури и мислат дека тоа е здрав избор, само затоа што со оброкот се служи и салата.

Ова истражување најпрво ја нагласува потребата да се разграничи здравата од нездравата храна и исхрана, а потоа и потребата од готвење и стекнување на вештини за готвење на здрава храна. Истражувањето е објавено во „Journal of Public Health“.

Поддржете ја нашата работа: