Седум причини зошто туширањето со ладна вода е добро за здравјето

  1. Ја зголемува виталноста

И самата помисла на ладен туш наутро е застрашувачка, но сепак, длабокото вдишување како одговор на телото на шокот од ладната вода помага да се загрееме, а во исто време го зголемува количеството на кислород што го внесуваме во организмот. Со ова се забрзува и работата на срцето со што се зголемува и протокот на крв низ организмот. Тоа му дава на телото природна доза на енергија потребна за претстојниот ден.

  1. Ги подобрува кожата и косата

Кога се работи за кожата и косата, еден од начините да се одржи нивниот природен изглед е и туширањето со ладна вода. Топлата вода има тенденција да ја суши кожата, затоа е најдобро кожата да се мие со ладна вода, бидејќи ги стега кутикулите и порите, спречувајќи го на тој начин нивното запушување.

Ладната вода допринесува косата да биде посјајна, поцврста и поздрава со тоа што ги израмнува фоликулите на влакната и ја зголемува способноста на влакната да се држат за скалпот.

  1. Го подобрува имунитетот и циркулацијата

Ладната вода ја подобрува циркулацијата преку зголемување на прокрвеноста на органите што помага во борбата против одредени проблеми со кожата и срцето. Способноста на ладната вода да ја забрза циркулацијата на крвта низ крвните садови доведува до подобрување на севкупното здравје на срцето-како што тврди д-р. Џозеф Меркола, специјалист за природно здравје. Ова исто така може да доведе до намалување на крвниот притисок, да ги очисти блокадите во артериите и да го подобри имунолошкиот систем.

cold-shower

  1. Го стимулира намалувањето на тежината

Туширањето со ладна вода помага во намалувањето на телесната тежина на многу необичен начин. Човечкото тело содржи два типа на масно ткиво – бело и кафеаво. Белото масно ткиво се акумулира во телото кога внесуваме повеќе калории од тие што ни се потребни и телото не ги согорува овие калории како енергија. Ова масно ткиво се насобира на струкот, долниот дел од грбот, бутините и е тешко да се елиминира. Кафеавото масно ткиво е добар вид масно ткиво бидејќи генерира топлина за загревање на телото и се активира кога сме изложени на екстремен студ. Според тоа, туширањето со ладна вода може да ја потткине активноста на кафеавото масно ткиво.

Во едно истражување од 2009 година, изложувањето на ниски температури довело до 15 пати поголема активација на кафеавото масно ткиво кај 23 од 24 учесници во истражувањето, што значи дека само со туширање со ладна вода може да се изгубат и до пет килограми за една година.

  1. Ја намалува мускулната болка и го забрзува опоравувањето на мускулите

Познато е дека атлетичарите се бањаат во ледена вода за да ја намалат болката во мускулите после напорен тренинг, но и кратко туширање со ладна вода после вежбање може да биде исто така ефикасно, особено во спречување на болките во мускулите што како последица на вежбањето се јавуваат подоцна. Едно истражување од 2009 година во кое биле вклучени 360 луѓе покажало дека лицата кои се бањале 24 минути во ладна вода – со температура од 10 до 15 степени Целзиусови после напорен тренинг имале помалку болки во мускулите после еден до четири дена по тренингот.

icebath

  1. Го намалува стресот

Туширањето со ладна вода или наглтоо влегување во ладна морска вода без претходно да се адаптирате помага во зајакнувањето на телото, ја зголемува толеранцијата на стрес, па дури и на болести. Едно истражување од 1994 година покажало дека нивото на уричната киселина драстично се намалува за време на и после изложеност на ладни стимулуси. Исто така било забележано и зголемување на нивото на глутатион, антиоксидант кој овозможува останатите антиоксиданти да функционираат на оптимално ниво.

  1. Ја намалува депресијата

Туширањето со ладна вода ги ублажува симптомите на депресија, како последица на интензивното влијание врз рецепторите за ладно во кожата кои испраќаат огромно количество нервни импулси од периферните нервни завршетоци во мозокот. Ова предизвикува антидепресивен ефект и го подига расположението. Една студија од 2008 година покажала дека изложувањето на ладно има аналгетски ефекти и не покажува забележливи несакани ефекти. Овој третман опфаќа едно до две туширања со ладна вода со температура од 3,3 степени Целзиусови, во траење од три минути, проследено со пет минутно постепено адаптирање за да биде целата постапка помалку шокантна.

Поддржете ја нашата работа: