Шест најголеми метеорити што паднале на Земјата

Најголемиот број од карпите што од вселената се упатени кон земјата согоруваат во атмосферата и тие се викаат метеори. Помалиот број од нив што ќе паднат на Земјата се нарекуваат метеорити ,а ова се шестте најголеми што паднале на Земјата.

Виламет (Willamette) е најголемиот метеорит пронајден во САД и шести по големина во светот. Откриен е во државата Орегон  во 1902 година и тежи 15,5 тони. Се состои главно од железо и никел. Го пронашол Елис Хуџис, кој сметајќи дека не се работи за обична карпа, три месеци се обидувал да го помести од јавната површина, додека не бил откриен. Метеоритот бил продаден за 26.000 долари на Природонаучниот музеј и таму е изложен и денес.

Метеоритот Мбози (Mbozi) е откриен во Танзанија во 20-тите години на минатиот век. Широк е три метри и тежи 25 тони. Локалните жители го прогласиле за света карпа и го нарекле кимодо. Покрај него не е пронајден кратер, што знали дека најверојатно се истркалал кога паднал на површината. Кога е откриен, метеоритот бил до пола закопан во земја, а во меѓувреме е откопан и поставен на потпора.

Меѓу најголемите метеоритии спаѓа и Кејп Јорк (Cape York), а се смета дека на Земјата паднал пред околу 10.000 години. Откриен е во 1993 година на Гренланд и тежи околу 20 тони.Сега е изложен во Геолошкиот музеј во Данска.

Метеоритот Бакубирито (Bacubirito), исто така спаѓа меѓу најголемите , а го открил геологот Гилберт Елис Бејли во 1863 година во селото Ранчито, во Мексико. го ископал со помош на локалното население. Долг е 4,25 метри, широк 2 метри и висок 1,75 метри. Тежи околу 20 тони.

Ел Чако е вториот по големина метеорит кој паднал на Земјата и тој е само дел од многу поголема карпа која со влегувањето во атмосферата се распарчила и паднала на Земјата, оставајќи го зад себе кратерот Кампо дел Сиело (Campo del Cielo), со површина од 60 квадратни километри. Ел Чако тежи 37 тони. Откриен е во 1969 година, пет метри под земја, со помош на детектор за метал. Во 1990 година, ловецот на метеорити Роберт Хааг се обидел да го украде, но набрзо бил фатен.Во 2016 откиен е уште еден метеорит за кој се претпоставува дека е дел од истата карпа како и Ел Чако.

Убедливо најголемиот метеорит што досега паднал на Земјата се нарекува Хоба (Hoba), а пронајден е во Намибија. Зафаќа површина од 6,5 квадратни метри и тежи дури 60 тони, поради што никогаш не е преместен. Се претпоставува дека на Земјата паднал пре околу 80.000 години. Специфичен е по својата форма, бидејќи е плоснат. Со оглед на тоа дека паднал под многу мал агол, веројатно „скокал“ по повшината како плоснат камен на вода. Се состои од железо, никол и кобалт.

Поддржете ја нашата работа: