Шест причини поради кои треба да пиете чаша топла вода наутро

Повеќето од луѓето наутро после станувањето пијат топло кафе или чај, но кога се работи за водата најчесто се преферира ладна. Според Ајурведата, ова е погрешно. Редовното пиење на топла вода, особено наутро, може да ги излечи телото, да ја подобри моќта на дигестивниот систем и да го редуцира метаболичкиот отпад што го оптоварува имунолошкиот систем.

„Докторите препорачуваат наутро да се пие топла вода со малку лимон, бидејќи се покажало дека тоа ја редуцира активноста на слободните радикали во телото“, вели Стела Матсовас, клинички нутриционист, експерт за здрава исхрана.

Конзумирањето на топла вода ги зацврстува цревата со што се воспоставува нивно редовно празнење. За разлика од топлата вода, процесираната ладна вода е лишена од многу есенцијални минерали, што може да биде неповолно, доколку се пие за време на јадење. За оние што сакаат ладна вода, Матсовас препорачува да не пијат ладна вода најмалку 20 минути пред оброкот.

Иако топлата вода не е вкусна како кафето, еве шест добри здраствени причини зошто да се напиете топла вода, наместо кафе.

1. Го прочистува телото

Чаша топла вода наутро помага да се очисти телото преку исфрлање на токсините. Водата помага да се разложи храната во стомакот и ја олеснува работата на дигестивниот систем. Пиењето ладна вода пред и за време на оброкот може да ги стврдне мастите од конзумираната храна и на тој начин да создава масни депозити во цревата. Додавањето на мраз во водата ќе ги одземе нејзините природни минерали, кои се од суштинска важност за одржување на доброто здравје на дигестивниот систем, вели Метсовас. Затоа е подобро наместо ладна вода да се испие чаша топла вода, особено после оброкот.

2. Помага при запек

Сите луѓе некогаш се соочуваат со проблемот на слаба подвижност на цревата. Надуеноста на цревата пропратена со запек е последица на недостаток на вода во телото. Пиењето топла вода наутро може да ја подобри работата на цревата и да помогне при запек, бидејќи ја разложува храната која потоа непречено поминува низ цревата. Стимулацијата на цревата ќе му помогне на телото повторно да функционира нормално.

3. Ја ублажува болката

Топлата вода се смета за најмоќен природен лек против болка кој помага за ублажување на разни видови болка – од главоболка, па до менструални болки. Познато е дека топлата вода има смирувачко дејство и благотворно делува врз стомачните мускули и овозможува брзо олеснување на грчевите во стомакот.

4. Помага да се ослободите од вишокот килограми

Ако сте на диета, пиењето чаша топла вода наутро ќе ви помогне да ја намалите тежината. Тоа го забрзува метаболизмот што ќе овозможи согорување на повеќе калории, а ќе помогне исто така за гастроинтестиналниот тракт и бубрезите да функционираат уште подобро.

„Докторите препорачуваат наутро да се пие чаша топла вода со лимон, кој е богата со полифеноли, за да се намали активноста на слободните радикали во телото. Топлата вода и лимонот помагаат да се разложи масното ткиво во телото, како и да се контролира желбата за храна, благодарение на пектинските влакната што ги содржи лимонот.

drinking-hot-water-with-lemon

5. Ја подобрува циркулацијата на крвта

Пиењето на топла вода ги намалува масните наслаги во телото, заедно со наслагите во нервниот систем. Со ова се исфрлаат надвор токсините што циркулираат низ телото, а потоа се подобрува циркулцијата. Со тоа што мускулите се релаксирани, се подобрува и циркулација на крвта.

6. Го спречува предвременото стареење

Предвременото стареење е најлошиот кошмар за жените, но за среќа ова може да се спречи со пиењето на топла вода. Токсините што се присутни во телото можат да доведат до предвремено стареење, но топлата вода помага да се очисти телото од токсини и ја обновува еластичноста на клетките од кожата.

За да ги почувствувате овие  придобивки, пијте топла вода секое утро, чиста или со малку лимон за подобр вкус. Откако водата ќе зоврие, оставете неколку минути малку да се олади, бидејќи врелата вода може да ги оштети ткивата во устата и хранопроводот.

Исто така, пред да почнете да пиете топла вода наутро, консултирајте се со вашиот доктор  доколку земате некакви лекарства дали тоа може да влијае на ефикасноста на лековите, вели Метсовас.

Поддржете ја нашата работа: