Шимпанза крвнички го убиле и изеле својот некогашен алфа

Неодамна бил забележен редок случај на крвничко насилство во една групата на шимпанза, кое завшило со смрт и канибализам.

Случката е забележана во савана во Сенегал, а жртвата е мажјак, западноафрикански шимпанзо со име „Foudouko“. Тој бил претепан до смрт од својата поранешна група, а откако  починал, некои од групата дури и јаделе  делови од неговото тело.

Мајкл Вилсон од Универзитетот во Минесота објаснува дека шимпанзата живеат во групи каде обично има повеќе женки од мажјаци, но овде состојбата била обратна. „Ако имате група во која на една женка доаѓаат два мажјака, тоа ги зголемува судирите, а се чини дека овде тоа бил клучниот фактор за ваквото однесување“.

Џил Пруец од Универзитетот во Ајова која врши надгледуање на шимпанзата во југоисточен Сенегал од 2001 година, се сложува со ова мислење и додава дека за ваквата нерамномерна распореденост на половите одговорен е човечкиот фактор.,Имено, во Сенегал, женките шимпанза бесправно се ловат заради препродавање на нивните младенчиња како домашни миленичиња.

Набљудувањето на овие области покажува дека пред 13 години, убиениот Foudouko бил алфа мажјак и предводник на еден од клановите на шимпанзата. Се однесувал како тиранин и владеел со помаш на неговата „десна рака“, бета мажјакот  наречен „Mamadou“. Во 2007 година, Mamadou бил тешко повреден и се вратил во групата после една недела опоравување во изолација, но видно ослабен како физички, така и по рангот во групата. Бидејќи алфа Foudouko не сакал да се откаже од Mamadou, останатите го напуштиле.

После тоа, цело време живеел сам, а истражувачите го забележувале само повремено. Бидејќи заедниците од шимпанза на ова подрачје се прилично изолирани, Foudouko немал друг избор освен да се обиде да се врати на групата во 2013. До тогаш, Mamadou веќе го повратил својот бета статус, а улогата на алфа  ја презел неговиот брат David. Тие го прифатиле Foudoukо назад, иако некои од нив повремено се обидувале да го избркаат.

Утрото кога се случило насилството, истражувачите ги разбудила силна бука, а потоа го нашле погинатиот Foudoukо со големи повреди по телото. Се претпоставува дека починал од внатрешно крварење или искрварил од повредата на стопалото која била најголема од сите рани на телото. Снимките покажале дека мајката на двајцата највисоко рангирани мажјаци била таа која изела најмногу месо од нивниот бивши алфа, додека Mamadou и David биле единствените кои не покажале агресија.

Foudoukо бил нападнат од помладите мажјaци, бидејќи се обидел да го поврати својот претходен ранг, а малку подоцна, после инцидентот бил протеран и Mamadou. Истражувачите објаснуваат дека шимпанзата веројатно не знаат да ги препознаат знаците на смрт, па затоа продолжуваат со агресија и после смртта.

Канибализмот е ретка појава, но може да стане почеста ако овие животни продолжат со својата пракса.

 

Поддржете ја нашата работа: