Научници од универзитетот во Глазгов работат на шокантен експеримент. Тие имаат намера да пренасочуваат астероиди кон Земјата, со цел да го истражуваат животот во вселената и да вадат од нив ретки метали.
Истражувачите објаснуваат дека водата и металите кои би се извлекувале од астероидите би се користеле за откривање на многу тајни на универзумот и за нови мисии на Меѓународната вселенска станица. Тие тврдат дека би одбирале само помали астероиди кои ќе може да ги контролираат и за кои нема да постои опасност да се судрат со нашата планета, туку ќе бидат уловени во орбитата.
Како ќе се привлекуваат, а потоа ловат небесните тела?
Според научниците тоа ќе се одвива на ист принцип како што функционира леталото “Mars Reconnaisseance Orbiter” со кое се истражува планетата Марс.
Леталото користи одреден маневар наречен “aerobreaking” за менување на својата орбита или брзина, со помош на атмосферата на планетата како отпор, што може да го повлече за слетување.
На овој начин астероидите кои ќе влезат во земјината орбита ќе го забават движењето, а научниците ќе можат лесно од нив да соберат се` што им е потребно за испитување. По тој процес, небесните тела би согореле. Во целата постапка значајна улога би имало и специјално беспилотно летало кое ќе ги врши сите работи на терен, за да се избегнат човечки жртви.
Веќе е избран првиот астероид со кој научниците ќе се обидат да го изведат експериментот. Станува збор за астероидот 2005 VL1, кој е избран заради погодните густина и големина.
Во соработка со: Gostivarpress.mk