Што би се случило со нашиот мозок ако живееме на Марс?

Како што се објаснува во последната епизода на „BrainCraft“, атмосферата на црвената планета ја сочинува 95,97 проценти јаглерод диоксид и е околу 80% поретка од атмосферата на Земјата, што значи дека практично ќе живеете во вакуум.

Ако се изложите на атмосферата на Марс, уништувачката осаменост ќе ви претставува најмала грижа, бидејќи солзите, плунката, влагата во кожата и течноста во белите дробови ќе зовријат и ќе исчезнат, што е ужасен начин да се умре.

Но, дури и ако се заклучите во перфектно затворен простор во кој се имитираат условите на Земјата, сепак ќе доживеете неколку чудни работи, ако се обидете да живеете на Марс, или на некое друго место во вселената.

Како што се вели во видеото, Баз Олдрин почнал да гледа чудни работи за време на мисијата „Аполо 11“ во 1969 година – како необична појава на светлина во темнината на вселената. Подоцнежните експерименти покажале дека високо-енергетските честички кои ги сочинуваат космичките зрачења, биле причина астронаутите да гледаат вакви светлосни ефекти, кои всушност воопшто не постоеле. Космичките зрачења не можат да се „видат“, без оглед на тоа колку силно се обидувате.

Тука всушност се работи за визуелен феномен што се случува кога космичките зраци поминуваат пред очите на астронаутот, при што влијаат на оптичкиот нерв, создавајќи оптичка илузија. И не само тоа, кога астронаутите ќе се вратат дома видот ќе им биде полош отколку пред да заминат, бидејќи зголемениот притисок и промената на течноста во очите многу е веројатно дека ќе доведе до промена на нивната структура.

Но, очите не се единствената работа за која треба да се грижите кога сте толку далеку како што е  Марс. Експериментите вршени на глувци покажале дека овие исти космички зраци ја менуваат структурата на мозочните клетки кај глувците кои биле изложени на зраците шест месеци. Ова имало забележително влијание на нивното однесување, глувците изложени на космички зрачења биле збунети и помалку заинтересирани за вообичаените активности.

И покрај тоа што глувците не се луѓе, истражувачите велат дека истите случувања би можеле да се забележат и кај луѓето, што би влијаело на нивната способност за решавање на проблемите, во услови кога се среќаваат со бројни проблеми.

Уште цела низа други проблеми ги очекуваат храбрите луѓе кои се планира да слетаат на Марс некаде кон средината на 2030 година.

Погледнете го видеото за тоа со какви здравствени проблеми се среќаваат астронаутите и како тие учат да се справат со нив.

 

Поддржете ја нашата работа: