Што ги активира супервулканите?

Научниците успеале да најдат објаснување за тоа што ги поттикнува најголемите вулкански ерупции што човештвото ги има забележено.Тајната на вулканите била откриена преку геохемиските индиции скриени во внатрешноста на вулканските кварцни кристали.

Најсмртоносните вулкани на земјата кои се нарекуваат супервулкани, можат да продуцираат катастрофални ерупции, кои пустошат огромни региони и да предизвикаат глобално ладење на климата. Една ваква ерупција имал и индонезискиот супервулкан Тоба , пред околу 73.000 години, при што 2.800 кубни километри од вулкански пепел била исфрлена во атмосферата и прекрила огромни  области во Индонезија и Индија.

Научниците дого време дебатираат околу тоа како се создава ова неверојатно количество од магма и што предизвикува таа да еруптира толку експлозивно. Научниците од Универзитетот во Упсала, заедно со меѓународен тим од истражувачи сега откриле интересни индиции скриени во внатрешноста на милиметарски кристали од вулканската пепел и карпите.

„Кварцните кристали кои се формираат во магмата ги регистрираат хемиските и термодинамичките промени во магматскиот систем пред ерупцијата, слично како што прстените во дрвата ги регистрираат промените во климата. Кога ќе се случат промени во магмата, кристалите реагираат и продуцираат различни зони на раст во кои се регистрирани тие промени. Проблемот е што секој од овие прстени е со големина од само неколку микрометри, што екстремно го отежнува деталното истражување“- вели др. Дејвид Бад од Универзитетот  во Упсала.

Истражувачите ги анализирале кварцните кристали од Тоба и откриле јасна промена во изотопскиот состав кон надворешниот раб на кристалите. Рабовите на кристалите содржале релативно помал процент од тешкиот изотоп 18О , во споредба со полесниот 16О.

„Нискиот сооднос на 18О со 16О во содржината од рабовите на кристалите укажува дека нешто драстично се сменило во магматскиот систем непосредно пред  големата ерупција. Објаснување за ваквите хемиски записи е дека магмата  стопила и асимилирала голем волумен  од околните карпи, кои се карактеризираат со релативно низок сооднос на 18О со 16О. Исто така, овој тип на карпи често содржи и многу вода, што може да се ослободи во магмата, создавајќи пареа, а со тоа и да го зголеми притисокот на гасот во магматската комора. Ова брзо зголемување на притисокот на гасот на крајот и овозможува на магмата да ја пробие кората и да исфрли илјадници кубни километри магма во атмосферата“- објаснува Д-р. Франсис Деган од Одделот за Геолошки науки од Универзитетот во Упсала.

За среќа, ваквите катаклизмични супер-ерупции се случуваат многу ретко.

„Биолозите претходно покажаа дека ерупцијата на Тоба го довела човештвото да работ на исчезнување. Се надевам дека ќе бидат потребни уште многу илјадници години, но факт е дека е само прашање на време пред да се случи следанта супер-ерупција, можеби  на Тоба, Јелоустон (во САД)  или на некое друго место. Се надевам дека за следниот пат ќе знаеме повеќе и ќе бидеме подобро подготвени “- вели прфесорот Валентин Трол, водачот на истражувањето

Поддржете ја нашата работа: