Што го турка Млечниот пат низ универзумот?

Нашата галаксија, Млечниот пат, според новото истражување низ универзумот ја турка голема, невидена сила. И покрај тоа што ова не делува како пријателски гест, новооткриениот “Dipole Repeller” – дефинирана форма на движењето која всушност ѝ помага на нашата галаксија во патувањето низ вселената.

Истражувачите знаеле дека галаксијата се движи со релативна брзина во последните 30 години, но не знаеле зошто.

170131144302-02-milky-way-diploe-repeller-exlarge-169
Ако подобро размислиме, сè се движи, Земјата се врти околу својата оска и орбитира околу Сонцето. Сонцето пак, и остатокот од нашиот Сончев систем орбитираат околу центарот на Млечниот пат. Тој пак, заедно со други галаксии во суперсоѕвездието Ланиакеа, се тркаат низ вселената со брзина околу 2 милиони километри на час.

Но, тоа не е едно бесцелно патување. Истражувачите долго време верувале дека нашата галаксија е привлечена од област која е богата со десетина групи од најразлични галаксии под името “Shapley Supercluster”.

Научниците велат дека галаксиите се движат една кон друга за да се шири универзумот, меѓутоа секоја од нив поединечно гравитационо привлекува друга и предизвикува абнормално движење кон региони со голема густина.

Со помош на моќни телескопи, истражувачите успеале да создадат 3D мапа на движењето на галаксиите.

Галаксиите ја следат дистрибуцијата на материјата и имаат тенденција да се движат подалеку од празните области кон оние каде што има концентрација на галаксии. Астрономите откриле неверојатна, детална нова мапа на Млечниот пат: со мапирање на протокот, тие го откриле и Dipole Repeller.

Поддржете ја нашата работа: